Дома Фудбал Италија Киелини ги израдува навивачите на Јувентус: Во понеделник се враќам во Торино

Киелини ги израдува навивачите на Јувентус: Во понеделник се враќам во Торино

Капитенот на репрезентацијата на Италија, Џорџо Киелини најави дека многу брзо ќе се врати во клубот и ќе потпише нов договор со „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој момент Киелини се наоѓа на одмор со семејството и тој го заслужи после освојувањето на ЕП со Италија овој месец.

На Еуро отиде како слободе ниграч бидејќи на крајот од сезоната му истече договорот со Јувењнтус, а самиот Киелини сега стави крај на сите шпекулации и ги израдува навивачите.

„Во понеделник се враќам во Торино. Гладен сум за нови трофеи“, порача Киелини и така потврди дека ќе ги брани боите на „старата дама “ и наредната сезона.

За Јувентус Киелини одигра 535 натпревари во сите натпреварувања, а настапуваше уште само за два клуба, Фиорентина и Ливорно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фергусон: Мурињо требаше да ме наследи, ми се јави на телефон и плачеше

Жозе Мурињо ги потврди долгогодишните гласини: во 2013 година се согласи да го наследи Сер…