Дома Фудбал Малдини проговори, Пеп кажа ДА, но како на крај се пропадна?

Малдини проговори, Пеп кажа ДА, но како на крај се пропадна?

Паоло Малдини одлучи да проговори откако неодамна на функцијата технички директор во ФС Италија помина само две недели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Малдини не добил слобода при изборот на новиот селектор, поради што тој и неговиот помошник Леонардо брзо поднесоа оставки.

Прв избор на Малдини беше Пеп Гвардиола, а Каталонецот наводно бил блиску да ја прифати понудата на Италијанците.

“Тој е тренер кој најдобро го претставува офанзивниот стил на игра. Преку заеднички пријатели изрази желба да води некоја репрезентација. Го посетивме во Барселона, ручавме заедно и разговаравме целиот ден. Беше многу заинтересиран и малку недостасуваше да ја прифати понудата; дури почна и да го составува тимот на хартија”, рече Малдини.

Тој негира дека финансиските средства биле пречка во преговорите со Пеп.

“Парите никогаш не биле проблем. Пеп ни јасно рече ‘дајте ми еден евро помалку од тоа што заработуваше претходниот тренер и сè е решено’. Сепак, причината за подоцнежниот негативен одговор е уморот. Гвардиола има зад себе десет исклучително напорни години во Премиер лигата. Имаше операција на грбот. Сака да се одмори. Сепак, водевме многу сериозни разговори и анализиравме состојби на тимовите, почнувајќи од тие на возраст до 17 години. Така се одлучивме за Пирло. Малаго беше запознаен со сè, го известувавме за секој чекор”, рече Малдини.

Тој истакна дека Џовани Малаго ги уништил сите потенцијални договори.

“Нашата идеја се базираше на техника и на офанзивна игра. На промена. Во Италија сме заостанати во многу сегменти. Сакавме тренинзите на играчите да не се базираат на прекумерно инсистирање на тактика, туку на техника, игра ‘еден на еден’ и офанзивна менталност. Исто така, сакавме млад тренер кој има искуство во репрезентацијата”, рече тој и продолжи:

“Покрај Пирло, во игра беа и други имиња: Даниеле Де Роси и Фабио Гросо. Тројца светски шампиони. Но претседателот ни рече дека, поради договорите постигнати при неговиот избор – со поддршка од сите клубови освен Лацио – не смееме да ги допреме тренерите на тимови од Серија А. Така отпаднаа Де Роси и Гросо. Сепак, ја разбирам ситуацијата. На крајот на јули тимовите веќе се на подготовки, тешко е да се прават промени среде процесот. Маладио ни рече: тоа не е изводливо. И така се одлучивме за Пирло”, рече Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Мадрид изненадени од огромната понуда што пристигна за Арда Гулер!

Францускиот и европски шампион ПСЖ достави официјална понуда до Реал Мадрид за турскиот ре…