Дома Фудбал Даниел Малдини повторно го смени клубот во Серија “А”

Даниел Малдини повторно го смени клубот во Серија “А”

Калјари официјално го објавија доаѓањето на офанзивниот играч за врска Даниел Малдини, кој пристигнува со трансфер од Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот е склучен како позајмица за 1 милион евра со условна обврска за откуп во висина од 8+1 милион евра. Доколку биде активирана, договорот на 24-годишниот играч ќе биде за пет сезони. Така, синот на Паоло Малдини ќе го облече дресот на седми различен тим во Серија “А”.

Освен за неговиот роден клуб Милан и Аталанта, офанзивниот фудбалер играл уште за Специја, Емполи, Монца и Лацио, главно како позајмен играч. Италијанецот, кој има 6 натпревари за “Аѕурите”, има вкупно 22 натпревари со три голови за бергамците, кои го привлекоа на почетокот на 2025 година за 13 милиони евра плус бонуси од Монца. Но минатата зима тие го пратија на позајмица кај “орлите”, каде што запиша 14 натпревари со два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим донесе одлука: Милан ќе го крати составот

Рубен Аморим призна дека Милан „следната недела ќе донесе некои одлуки“ за тоа кои играчи …