Дома Фудбал Во Мадрид изненадени од огромната понуда што пристигна за Арда Гулер!

Во Мадрид изненадени од огромната понуда што пристигна за Арда Гулер!

Францускиот и европски шампион ПСЖ достави официјална понуда до Реал Мадрид за турскиот репрезентативец Арда Гулер, тврдат Фичајес.

Како што е објавено, францускиот шампион доставил понуда до Реал вредна дури 115 милиони евра за талентираниот играч за врска.

Доколку дојде до реализација на трансферот, Гулер би бил еден од најскапите излезни трансфери во историјата на мадридскиот клуб.

Турчинот стигна во Реал Мадрид од Фенер, а шпанскиот великан во младиот играч за врска препознава огромен потенцијал. Иако неговиот почеток во Мадрид беше обележан со проблеми со повреди и недостаток од минути, Гулер со време покажа зошто се очекува голема кариера од него.

Турскиот репрезентативец со своите игри привлекува внимание од многу европски великани, а ПСЖ, според информациите на Фичајес, е подготвен да оди многу далеку за да го доведе во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…