Дома Трансфер зона Катарски тајкуни може да му станат газди на Елмас

Катарски тајкуни може да му станат газди на Елмас

de laurentis

Богатите Катарци понудиле 560 милиони евра за купување на Наполи.

Според пишувањето на „Дејли Мејл“, Де Лаурентис би можел да го продаде Наполи. Семејство Ал-Таин од Катар кое поседува и дел во ПСЖ преку „Катар Спортс Инвестментс“ покажало интерес за италијанскиот клуб.

Оваа информација се појавува додека во Италија се уште е актуелен хаосот на релација помеѓу Де Лаурентис и добар дел играчите од првиот тим, а дополнителен проблем прават крадците кој ги напаѓаат фудбалерите. Последна жртва пред неколку дена беше сопругата на Пјотр Зјелински.

Дури се тврди и дека Де Лаурентис изгубил желба да го води клубот.

„Се добива впечаток дека Аурелио изгуби желба за вложување во Наполи“, пишува помеѓу другото „Дејли Мејл“.

Тие потсетуваат и дека Де Лаурентис е сопственик и на Бари, па постои и можност да сака да се насочи само кон тој клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер е сериозен за Кулушевски: Понудата е испратена, се чека Парма

Управата на Интер е сериозна во намерата на „Џузепе Меаца“ да го доведе Дејан Кулушевски, …