Дома Фудбал Касемиро се налути на навивачите: Бејл е легенда на Реал, ако му свирите „плукате“ по историјата!

Касемиро се налути на навивачите: Бејл е легенда на Реал, ако му свирите „плукате“ по историјата!

Бразилскиот фудбалер Касемиро беше незадоволен во саботата од свирежите на сметка на својот соиграч Герет Бејл и поради тоа јавно ги искритикува навивачите на „кралевите“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Велшанецот на лето ќе го напушти клубот, а Бејл не е омилен помеѓу фановите веќе подолго време. Пред натпреварот против Гетафе во саботата навивачите на Реал го исврикуваа неговото име, а Касемиро им испрати јасна порака.

„Не ми се допаѓаа свирежите кон Бејл, тој е легенда на клубот. Кога му свирите на него, свирите на цела историја на клубот. Навивачите треба да бидат тука за да не поддржат“, изјави Касемиро.

Ќе потсетиме Реал вечерва го пречекува Челзи во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стивен Џерард се враќа во англискиот фудбал!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, нема ангажман откако беше сменет од позицијата трене…