Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалник и тој се повеќе е мета на критики oд навивачите.
Во интервју за „Скај Спорт“ Касемиро истакна дека критиките ги смета и за добра работа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Критиката е дел од фудбалот, а јас сум секогаш многу смирен. Кога станува збор за конструктивна критика, таа е секогаш добредојдена. Посебно во фудбалот, кога ќе играш на високо ниво 10 години и кога ќе паднеш во формата нормално е да има реакции“.
Ги разбира критиките, но не поднесува недостаток на почит.
„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата минатата сезона, а сега сум безвреден? Тоа е осуда без почит, кога нешто не се почитува тоа е загрижувачки. Во моментите кога се чувствувам омаловажено од некои луѓе ја губам и почитта кон нив“, изјави Бразилецот