Aргентинецот, Алехандро Гарначо постигна два гола во убедливата победа на Манчестер Јунајтед против Барнли од 7:0, а напаѓачот повторно се најде во центарот на вниманието поради прославата на неговиот гол.
Гарначо како и на претходниот натпревар славеше во стил на Португалецот. Ваквите негови прослави привлекуваат посебно внимание поради критиките кои неодамна ги испрати Роналдо на сметка на Тен Хаг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна беше забележан и „лајк“ на Гарначо на објава каде што Роналдо го критикува холандскиот стратег.
Во минатиот натпревар по објавената фотографија како слави на начинот на Роналдо, Бруно Фернандеш му коментираше: „Ти навистина си глупав“, а сега Касемиро се обиде да го спречи да прослави како Португалецот, меѓутоа Гарначо беше упорен.