Во овој момент Интер е лидер во Серија А и како што стојат работите тие сега се прв фаворит за Скудетото.
Интер беше елиминиран од групната фаза завршија како последни во група со Реал, Борусија Менхегладбах и Шахтјор, па немаат обврски во Европа. Антонио Конте сепак жали што неговиот тим не е во завршницата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако сега бевме дел од ЛШ ќе имавме што да кажеме“, изјави Конте по натпреварот за викендот.
Овој негов коментар доби критика од Касано.
„Дали Конте разбира дека не е Гвардиола? Што ќе имале да кажат во Лигата на шампионите? Ние не сме глупави, Серија А е просечна, Лигата на шампиони е сосема нешто друго. Видовте што се случи со Лацио? Ги фалевме за тоа како играат во првенството, а дојде Баерн и без мака им даде четири гола. Во Лигата на шампионите беа смешни, завршија зад Шахтјор што повеќе да се коментира“, изјави Касано.