Дома Фудбал Италија Касано: Ми се гади од лагите на Алегри

Касано: Ми се гади од лагите на Алегри

Антонио Касано без влакна на јазикот отворено во негов стил го нападна тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри.

Касано никогаш не криел дека не му се допаѓа стилот на игра кој го форсира Алегри, а тоа го потврди и со новиот вербален напад на торинскиот клуб и нивниот тренер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Алегри зборува дека идат чекор по чекор и дека минимална цел е освојување на четвртата позиција. Тоа е лага и мене ми се гади од таквата лага. Алегри многу добро знае дека Јувентус и Интер ги имаат најсилните тимови во лигата и мораат да се борат за шампионската титула“.

„Немам ништо против различните размислувања, но ако некој лаже, тогаш јас ќе кажам дека ми се гади од тоа. Навивачите на Јувентус не се глупи. Можете да зборите за глад и агресија, но тоа се приказни за малите клубови. Новинарите, поранешните играчи и пријатели зборуваат дека Јувентус се има вратено. Каде се има вратено? Се има вратено да биде ѓубре? Можат се да освојат, но освен на натпреварот против Лацио, тие беа очајни на сите останати натпревари. Дури и против Кремонезе каде заслужија да бидат поразени“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…