
Хијан Алварез може да биде големото изненадување на летото, но не во Барселона, туку во Арсенал.
Според последните информации, Атлетико Мадрид му даде ултиматум на аргентинецот да донесе конечна одлука до недела вечер – или останува или заминува во Арсенал. Барселона отпадна од можноста, бидејќи клубот останува цврст на својот став кој го задржува цело лето.
Само, Микел Артета неколкупати го контактираше Алварез лично за да го убеди дека треба да дојде во Лондон, додека Аргентинецот возвраќаше дека сон му е да игра за Барселона. И покрај тоа, тој сфати дека мора да размисли за друга опција за да излезе од „затворот“ во Мадрид.
Се шпекулира дека единствената пречка е папирологијата поради семејството, заради што не сите би можеле да живеат во Лондон. За Алварез е многу важно да биде со своето семејство, поради што досега одложуваше секоја можност за враќање во Англија.
Сега Арсенал бара начини за решавање на таа административна пречка, процесот е сложен, но не е нерешлив. Алварез се надева дека Атлетико може да попушти доколку Барселона успее да плати 150 милиони евра, исто како и Арсенал.
Сепак, сите сигурни извори од Каталонија неколку дена наназад тврдат дека овој трансфер е невозможно да се случи во овој период и потенцијално би бил пореален во јануари, ако Алварез реши да остане.
Но, тој нема да побара прошка од навивачите, неговата агонија продолжува и неизвесно е колку и како ќе игра. Арсенал во овој момент е неговото единствено решение, но истовремено е свесен дека ако сега замине во Лондон, Барселона засекогаш ќе исчезне како опција.
Каталонците се подготвени да ја одиграат цела сезона со Рафиња на позиција напаѓач, со помош на младиот Хамза Абделкарим, но и со Ентони Гордон и Карим Адејеми.
Очекуваме разрешување на ситуацијата овој викенд, бидејќи трансфер-периодот трае до понеделник вечер…