Кепа Аризабалага вчера беше трагичар за Челзи.
Шпанскиот чувар на мрежата во пенал серијата во финалето на ЕФЛ Купот против Ливерпул во 11. серија на противникот му го подари трофејот. Кепа влезе во 119. минута на местото на Едуард Менди со цел да помогне во пеналите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак шпанскиот голман не одбрани ниту еден од 11-те удари, Челзи беше поразен со 11:10. Освен што не одбрани ниту еден удар, тој беше и единствениот кој промаши. Шпанецот шутираше високо над голот.
Интересно е што на почетокот на пенал серијата Кепа се обиде да го испровоцира Ван Дајк. Додека Ван Дајк се подготвуваше да шутира Кепа му остави огромен простор на својата лева страна, Ван Дајк шутна на страната на која стоеше Кепа и погоди.
Quase morro nessa hora pic.twitter.com/VuEC4mEalq
— Anfield BR Vídeos (@anfieldbrvideos) February 27, 2022