Ливерпул во дербито на второто коло во Премиер лигата на „Стенфорд Бриџ“ рутински го победи Челзи со 2:0.
Тимот на Јирген Клоп домнираше и славеше со двата гола на Садио Мане. Единствената вистинска шанса Челзи ја имаше во 75 минута кога Алисон го одбрани пеналот на Жоргињо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Кристенсен во судиското продолжение од првиот дел доби црвен картон Ливерпул поведе во 50. минута. Погоди Мане после асистенцијата од Фирмино, а Сенегалецот четири минути подоцна зголеми и на 2:0 по киксот на Кепа Аризабалага.
Голманот на Челзи сакаше топката да ја додаде до еден од неговите соиграчи, но Мане ја пресече и погоди за 2:0. Ова беше уште еден лош натпревар за Шпанецот за кого Челзи пред две години плати 80 милиони евра.
Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер ја прокоментира грешката на Кепа.
„Играчите поминуваат низ лош период, а Кепа е во една таква фаза. Искрено мене ми е жал за него бидејќи минува низ кошмар“, изјави Карагер.