Челзи се изнамачи против третолигашот Плимунт, но сепак успеа да слави со 2:1 после продолженија и така да се избори за осминафинале во ФА Купот.
Херојот на Челзи беше Кепа Аризабалага кој одбрани пенал во завршницата од натпреварот. Плимунт од прваташ анса постигна гол, а Челзи изедначи преку капитенот Азпиликуета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сините“ напаѓаа и создаваа прилика, се погодуваше пречката и статвата од голот на третолигашот. На крајот голот на одлука во 107. минута го постигна Маркос Алонсо. Шансата за сензација Плимунт ја пропушти со промашениот пенал на Харди кој го одбрани Кепа.
Вест Хем успеа да се спаси против Кидермистер. Даклан Рајс во 91. минута изедначи на 1:1, додека во продолженијата Боуен постигна гол за 2:1 и победа на „чеканите“.