Дома Македонски спорт Мак фудбал Капинковски: Годи победата над Вардар, сега мора да се надигруваме со Работнички

Капинковски: Годи победата над Вардар, сега мора да се надигруваме со Работнички

Викендов се игра 26. коло во ПМФЛ.

Во ова коло Пелистер гостува кај Работнички откако во претходното коло славеа против Вардар. Пелистер ќе биде комплетен и тренерот Димитар Капинковски се надева на позитивен резултат.

„Ни годи победата во „вечното дерби“ против Вардар и после таков триумф, атмосферата е позитивна. Но, ние со секој ривал, без разлика дали се викал Вардар или Работнички, мора да се надигруваме и да играме на победа, за да ги оствариме нашите амбиции – опстанок во лигата, по можност да го избегнеме и баражот.

Работнички е многу квалитетна екипа, клуб со долга традиција и очекувам тврд и неизвесен натпревар. Одиме на надигрување, да се обидеме да постигнеме гол повеќе за позитивен резултат“, заклучи Капинковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија верува: Можеме до пресврт против Рига

Утре Шкендија ја пречекува Рига во реванш дуел од Конференциската лига. Рига на домашен те…