Дома Фудбал Италија Капело: Јувентус го сака Милик, а тоа не е играч кој ќе направи разлика

Капело: Јувентус го сака Милик, а тоа не е играч кој ќе направи разлика

Јувентус на почетокот од сезоната забележа победа од 3:0, а потоа одигра 0:0 против Сампдорија во кој скоро и да не беа опасни.

Навивачите се незадоволни, а критики пристигнуваат од стручните аналитичари и тренери. Еден од критичарите на Јувентус е и Фабио Капело.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Јувентус покажа мал квалитет. Веднаш се почувствува отсуството на Погба и Ди Марија. Јувентус направи многу малку. Каде што треба да се создава играта во средниот ред имаа многу мал квалитет. Мислам дека на Јувентус му се потребни засилување во средниот ред.

Но, слушам дека го сакаат Милик. Тоа не е играч кој ќе направи разлика, добар, но не му е потребен на Јувентус“, изјави Капело.

Кога се Ди Марија и Погба двајцата се повредени, Ди Марија се повреди против Сасуоло кога постигна гол и се очекува да се врати за околу една недела, додека ситуацијата со Погба е поинаква и неговото враќање се очекува подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…