Дома Фудбал Репрезентации Капарос нема да ја води Ерменија против Македонија

Капарос нема да ја води Ерменија против Македонија

Хуан Капарос нема да ја води Ерменија во натпреварот на 11. ноември во Ереван кој ќе биде претпоследен во квалификациите за Светското првенство.

Капарос нема да биде на клупата на Ерменците поради исклучувањето кое го заработи вчера против Романија. Селекторот на Ерменија протестираше на една одлука на судијата Даниеле Орсато и на 20 минути до крајот заработи црвен картон.

Во нашата група Германија веќе го обезбеди првото место и директниот пласман на Мундијалот, додека ние заедно со Ерменија и Романија остануваме да се бориме за баражот. Романците се втори со 13 бода, ние сме трети со 12, исто толку има и Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…