Дома Фудбал Останато Камерата го „улови“: Мбапе за овие зборови после дебаклот од Лил може да биде казнет (ВИДЕО)

Камерата го „улови“: Мбапе за овие зборови после дебаклот од Лил може да биде казнет (ВИДЕО)

ПСЖ и понатаму е неприкосновен на првата позиција во Лига 1, но во неделата беше понижен од Лил со 5:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа сезона одличниот Лил го разби ПСЖ со 5:1 и така на гигантот од Париз му го нанесе најтешкиот првенствен пораз во последните 19 години.

Навистина, црвениот картон за Бернат во 36-тата минута (при резултат 1:1) промени многу, но никој не очекуваше дека може да се случи ваков дебакл на моќниот ПСЖ.

Така ќе мораат да почекаат за потврда на новата титула шампион на Франција, а во ПСЖ после натпреварот посебно беа лути на главниот судија на натпреварот Беноит Бастиен кој во Лил го исклучи Бернат и поништи два гола на Мбапе.

Интересно е што Бастиен го судеше натпреварот помеѓу ПСЖ и Гуингамп порано оваа сезона во кој „светците“ се простија од Лига купот.

После натпреварот против Лил Бастиен добиваше големи критики, посебно од Мбапе. Бидејќи неговите зборови беа фатени на ТВ камерите постои можност да биде казнет од страна на Фудбалската Федерација на Франција.

„Овој исти судија ни го одзема Лига Купот, ни зима играчи, ни зима се“, зборуваше лутиот Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Саудијците го провоцираа Роналдо: Погледнете ја неговата реакција (Видео)

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, и тоа не само поради фудба…