Фк Каменица Саса сезонава се натпреварува во втората лига на истокот, а во последните две кола забележа победа и едно реми, големи заслуги за овие два позитивни резултати на Саса има голманот Дејан Силјановски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силјановски одигра одлични два натпревари против Кожува кога Саса во саботата победи со 3:1 и минатото коло во ремито со фаворизираната Брегалница 1:1. Во овие две кола Силјановски освен што правеше чуда во текот на играта успеа да одбрани и два пенали, што е нешто кое секако треба да се истакне и пофали.
Поради одличните настапи во клубот веќе му го дадоа прекарот „Спајдермен“.