Дома Фудбал Англија Казна за Мурињо, но не против поранешниот клуб?

Казна за Мурињо, но не против поранешниот клуб?

0
mourinho

Репрезентативната пауза е завршена, викендов продолжуваат националните првенства, па така продолжува и Премиер лигата.

На отварањето на деветото коло од Премиер лигата ќе се сретнат Челзи и Манчестер Јунајтед. Многу важен натпревар и за едните и за другите, особено за Мурињо, кој би можел да остане и без работа, а Португалецот би можел да претрпи и казна, поради што и не би можел да седи на клупата против „Сините“.

Станува збор за суспензија од страна на ФА поради пцовките по натпреварот со Њукасл, но како што пренесуваат англиските медиуми, постои начин Мурињо да се најде на клупата на тимот во текот на дуелот против Челзи.

Имено, новинарот на „Тајмс“, Пол Хирст пренесе дека Мурињо очекува најмалку еден натпревар казна, но тој би можел да ја одложи казната со тоа што ќе поднесе жалба и на тој начин ќе го продолжи времето и ќе се најде на клупата на „Ѓаволите“ за дуелот против својот поранешен тим.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Олимпијакос му приреди шок на Милан во Пиреа – го елиминираше уште во групната фаза од ЛЕ! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа. Најголе…