Дома Трансфер зона Кавани поднесе барање за трансфер!

Кавани поднесе барање за трансфер!

ПСЖ е на добар пат да загуби еден од своите најдобри играчи. Заминување од клубот побара Единсон Кавани.

После победата во францускиот куп против Лориент, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо призна дека по скоро седум години Кавани сака да го напушти Париз.

“Се надевавме дека ќе остане во клубот, но тој побара да си замине. Ние ја разгледуваме ситуацијата”- изјави славниот бразилски фудбалер.

Леонардо го откри и клубот кој испратил официјална понуда за Кавани.

„Имавме понуда од Атлетико Мадрид. Немавме понуда толку колку што вреди играчот, но не сум сигурен дека Кавани ќе биде тука во февруари“.

“Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови, но го слушаме Кавани затоа што го почитуваме.“ – додаде Леонардо.

Кавани пристигна во ПСЖ летото 2013. година за 65 милиони евра. Од тогаш одигра 293 натпревари и со 198 голови стана најдобар стрелец во клупската историја.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погодувате кој е играч на колото во ЛШ?

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е прогласен за играч на колото во Лигата на …