Дома Фудбал Останато ИФФХС: Роналдо не е најдобар стрелец во историјата!

ИФФХС: Роналдо не е најдобар стрелец во историјата!

Кристиано Роналдо вчера го постигна 760. гол во професионалната кариера.

Според бројни статистички податоци фудбалерот на Јувентус стана најстариот стрелец во историјата пред Јозеф Бичан, но рекордот на Роналдо не го признава Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Тие пронашле податоци според кои Бичан постигнал вкупно 821 гол.

Бичан играше од 1931 до 1958 година, а Јарослав Колер објасни како дошле до бројката од 821 гола за чешката легенда.

„Му недостигаа 53 гола кои Бичан ги постигна играјќи за Хардес Карлова во втората лига. Го проверивме секој детал два пати и дојдовме до официјален податок дека Бичан постигнал 821 гол во официјалните натпревари. Тоа значи дека Роналдо се уште не го соборил рекордот“, изјави Колар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар ќе биде спремен за реваншот со Барса

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар најверојатно ќе биде спремен за реваншот со Барселона…