Дома Фудбал Италија Италијанците откриваат колкава ќе биде платата на Елмас со новиот договор

Италијанците откриваат колкава ќе биде платата на Елмас со новиот договор

Елиф Елмас брзо ги собра симпатиите во Италија после само една сезона и многу брзо се очекува да го продолжи договорот до 2025 година.

Продолжувањето на договорот на Елмас беше најавено од клубот и од неговиот менаџер. Италијанскиот новинар на „РАИ“ Чиро Венерато објави и за колку ќе биде зголемена платата на Елмас.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Наполи Елмас пристигна минатото лето за сума од 16 милиони евра и потпиша петгодишен договор со плата од 1.5 милон евра по сезона. Со новиот потпис Елмас ќе добие 300.000 евра повеќе, односно 1.8 милиони евра. Не е познато дали би се зголемила откупната клазула со новата соработка.

Оваа сезона Елмас го освои Купот на Италија со Наполи, а успеа да постигне гол и да запише една асистенција во 30-те натпревари за калчолигашот.

Пред Наполи и Елмас сега е нов предизвик, тоа е Барселона во Лигата на шампионите. Првиот натпревар помеѓу овие два клуба заврши 1:1. Медиумите во Италија најавуваат дека поради повредата на Инсиње се очекува Елмас да се најде од првата минута на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…