Дома Трансфер зона Италијанските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Реал

Италијанските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Реал

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе прави голема реконструкција на крајот на сезоната.

Неколку фудбалери ќе бидат ставени на продажба, а меѓу нив е и Марко Асенсио, пренесува „АС“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој 25-годишен фудбалер после тешката повреда повеќе не заигра на истото ниво, па раководството на Реал е спремно да го продаде на лето.

За него силен интерес покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус, а и самиот играч нема ништо против да се пресели во Серија А.

Поради падот на формата и финансиската криза Реал е спремен да го продаде Шпанецот за сума помеѓу 30 и 40 милиони евра.

„Кралевите“ на лето сакаат да донесат една голема ѕвезда во нападот, па додатно ќе се намали минутажата на Асенсио и Реал верува дека ова е вистинскиот момент за продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…