Maрко Асенсио би можел да го напушти Пари Сен Жермен во финишот од преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации, Чаби Алонсо го контактирал сонародникот и му понудил место во својата екипа со која се бори за титулата во Бундеслигата.
Иако од Париз тврдат дека Асенсио не е на продажба би можела да пресуди желбатан а фудбалерот. Асенсио не е стандарден кај Луис Енрике и дефинитивно очекуваше да добие повеќе минути од досегашните 571.
Асенсио собра 12 настапи и во главно како резерва во клучните натпревари, постигна четири гола и подели три асистенции. Беше и повреден добар дел од есенската полусезона, но и кога беше спремен за настап други имаа предност.
ПСЖ можеби е поголем предизвик бидејќи игра во Лигата на шампионите, но од друга страна може да одлучи желбата за важна улога во тимот. Засега не е познато дали Леверкузен планира позајмица или комплетен трансфер.