Дома Трансфер зона Го одби Реал Мадрид, па ќе изненади со изборот на новиот клуб?

Го одби Реал Мадрид, па ќе изненади со изборот на новиот клуб?

Maрко Асенсио (27) не сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид и ова лето ќе потпише за нов клуб. Клубот сака да остане, му понуди продолжување на соработката, но Асенсио одби.

Шпанецот смета дека заслужил поважна улога во екипата, па затоа не сака да стави потпис на нов договор. Од друга страна Асенсио е голема желба на Астон Вила и тренерот Унаи Емери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фабрицио Романо пренесува дека Вила му испратила понуда на Асенсио, но се уште фудбалерот не донел одлука и чека други клубови. Во трката е и ПСЖ, но и некои италијански клубови.

Асенсио на „Сантијаго Бернабеу“ помина седум години откако во 2014 година пристигна од Мајорка. Сезонава одигра 50 натпревари и постигна 12 голови, додавајќи осум асистенции. Во тие седум години освои и 17 трофеи, три во Лигата на шампионите, три во Ла Лига, четири Светски клупски првенства, три европски Суперкупа, три шпански Суперкупа и еден Копа дел Реј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…