Дома Трансфер зона Иско го избра новиот клуб, останува во Шпанија

Иско го избра новиот клуб, останува во Шпанија

Иско го напушта Реал Мадрид ова лето како слободен агент, а според последните информации кариерата ќе ја продолжи во друг шпански клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


30-годишниот плејмејкер е подготвен да потпише со Севиља. Клубот од Андалузија му понуди двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Иско во Реал премина од Малага во 2013 година и со „кралевите“ освои пет титули во Лигата на шампионите, трикратен шампион на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Минатата сезона, Иско запиша само 17 настапи на кои постигна два гола, а заминува како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…