Во многу интересен и возбудлив меч, во рамки на Серија А, вечерва Интер по победата над Лацио ја зазеде четвртата позиција на табелата вредна настап во Лигата на шампионите следната сезона.
Перишиќ во 9. минута им донесе водство на Лацио, постигнувајќи автогол, но затоа пак Амбросио во 29. минута успеа да изедначи за дополнително возбудување во продолжението. Сепак, со водство на полувреме замина Лацио кој преку Андерсон во 41. минута зголеми на 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел беше и повеќе од напнато. Имено, Икарди преку пенал во 78. минута израмни на 2:2, но затоа пак подоцна, Лацио остана со играч помалку, откако по втор жолт картон исклучен од игра беше Лулиќ во 79. минута. Вецино во 81. минута го постигна клучниот погодок за Интер вреден излез на европската сцена, а во финишот на мечот, Лацио остана без уште еден свој фудбалер, откако Патрич заработи директен црвен картон во 94. минута, и она што е интересно тој не се најде на теренот, а црвениот картон го заработи поради своето неспортско однесување.
Во вториот меч вечерва и последен на програмата во Серија А, Рома минимално славеше над Сасуоло, благодарение на единствениот погодок на мечот кој го постигна Пеголо преку автогол во првата минута од судиското надополување во првиот дел.
https://www.youtube.com/watch?v=aHKJI96mPEs