Интер денес и официјално го потврди трансферот на десниот бек Раул Беланова, кој пристигна од Каљари.




Беланова пристигнува на едногодишна позајмица од Каљари за 3 милиони евра со опција за откуп следното лето за 7 милиони евра.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Интересно е што Беланова е дете на градскиот ривал Милан, каде помина 13 години во академијата на „росонерите“.




22-годишниот десен бек минатата сезона одигра 31 меч за Каљари на кои постигна 1 гол и запиша 2 асистенции. Во Интер доаѓа да биде алтернатива на Дензел Думфрис.
Train approaching 🚆#WelcomeRaoul #ForzaInter pic.twitter.com/VODZWlW0Rp
— Inter (@Inter_en) July 6, 2022