Интер го договори првиот зимски трансфер, а станува збор за бекот на Клуб Бриж, Тајон Бјукенан, објавија италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Канадскиот интернационалец треба да пристигне во Милано на 3. јануари, да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор до 2028 година.
Интер ќе плати 8 милиони евра на Клуб Бриж за правата на Бјукенан, а дефанзивецот ќе добива годишна плата од 1,5 милиони евра.
24-годишниот Тајон Бјукенан има 35 натпревари и четири гола за репрезентацијата на Канада.