Дома Фудбал Италија Интер ги продолжи договорите на Икарди, Перишиќ и Жоао Марио иако се на позајмица

Интер ги продолжи договорите на Икарди, Перишиќ и Жоао Марио иако се на позајмица

Антонио Конте ова лето во Интер отпиша неколку фудбалери кои клубот ги испрати на позајмица.

Сигурно дека најголема ѕвезда е аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди кој премина во ПСЖ на позајмица до крајот на сезоната, а истото го направи и Иван Перишиќ, кој моментално е член на Баерн. На позајмица е и Жоао Марио, кој среќата ја пронајде во Локомотив Москва.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Тутоспорт денеска објави неверојатна информација дека Интер на овие играчи им го продолжил договорот на уште една година иако играчите се на позајмица. Клубот ја искористил клазулата на која имал право, а јасна е причината за сето тоа.

Во Интер знаат дека Икарди, Перишиќ и Марио нема да се вратат во клубот па им го продолжиле договорот за летоска да инкасираат повеќе пари на нивни трансфери.

Од овие играчи Интер на лето би требало да заработи околу 110 милиони евра и ја спречија опцијата да си заминат од клубот како слободни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џирона со Миовски го најави настапот во ЛШ📷

Eкипата на Џирона во среда игра против Пари Сен Жермен во нивната дебитантска сезона во Ли…