Дома Фудбал Американец ќе суди вечерва на Аргентина и Англија!

Американец ќе суди вечерва на Аргентина и Англија!

Полуфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Англија ќе го суди американскиот судија Исмаил Елфат.

Како помошници ќе му бидат Кори Паркер и Кајл Аткинс, исто така од САД, додека четвртиот судија ќе биде Маурицио Мариани од Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вообичаено, најдобрите европски и јужноамерикански судии не можат да судат во полуфиналните натпревари, бидејќи има три селекции од Европа и една од Јужна Америка во завршницата.

ФИФА се придржува до таканаречената “конфедеративна неутралност” кога се среќаваат тимови од два различни континента (како Европа против Јужна Америка). Во вакви случаи, често се одлучуваат за судии од неутрални региони (на пример, Азија или Северна/Централна Америка), но ова правило не мора секогаш строго да се следи.

Токму таква е ситуацијата сега, па затоа за полуфиналните натпревари беа делегирани Иван Бартон од Салвадор и Исмаил Елфат од САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Фабрицио Романо заминува во историјата!?

Најпознатиот фудбалски инсајдер навестува дека по завршувањето на тековниот трансфер перио…