
Фенербахче е на чекор да го комплетира трансферот на Мејсон Гринвуд од Марсеј. Клубот од Истанбул подготви отштета од 42.000.000 евра и четиригодишен договор за играчот, што претставува едно од најголемите засилувања во историјата на турскиот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој трансфер на Гринвуд ќе биде најголемата продажба во историјата на Марсеј. Досега, рекордот го држеше продажбата на Миши Батшујаи во Челси во 2016 година за 39.000.000 евра.
Интересно е дека Атлетико Мадрид и саудискиот Ал Ахли беа подготвени да платат повеќе од Фенербахче, но желбата на Гринвуд да се пресели во Турција се покажа како пресудна.
Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ќе има годишна плата од 10.000.000 евра во Фенер.
Англичанецот ја напушта Франција по две успешни сезони. На вкупно 81 натпревар во сите натпреварувања, постигна 48 голови и забележа 17 асистенции.
Гринвуд би требало да биде важен дел од големата реконструкција што ја спроведува тренерот Исмаил Картал, пред сезоната во која Фенербахче ќе се обиде да ја прекине „клетвата“. Верувале или не, Фенер последен пат бил шампион на Турција во 2014 година, а освојувањето на домашната титула и прекинот на доминацијата на вечниот ривал Галатасарај, е примарна цел.
Фенербахче веќе ги ангажираше Натен Аке и Ведат Муриќи, а се очекуваат уште неколку спектакуларни засилувања во текот на летото.