
На само неколку дена пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Англија, во аргентинскиот табор се појави краткотрајна загриженост кога капитенот Лионел Меси (39) го пропушти тренингот. Сепак, од штабoт на актуелните светски шампиони бргу пристигнаа смирувачки вести пред дуелот кој ќе се игра во среда во Атланта, што ќе биде прва средба на овие репрезентации на големи натпреварувања од 2002 година наваму.
Капитенот поштеден поради повреда
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Отсуството на Меси од тренингот веднаш предизвика загриженост, но се покажа дека не станува збор за сериозен проблем. Аргентинскиот капитен беше поштеден поради повреда над окото и на главата, добиена во напорната четвртфинална победа против Швајцарија.
Меси наскоро се врати на тренинг и треба да биде подготвен за полуфиналето. И покрај тоа, патот на Аргентина до оваа фаза беше доста исцрпувачки. Како што пренесува аргентински TyC Sports, високите температури, бројните патувања, дополнителниот натпревар поради проширениот формат на првенството, долготрајната сезона и два натпревари кои се играа продолжено, оставија трага на тимот на Лионел Скалони.