Дома Фудбал Познато зошто е уапсен Дарио Шимиќ: Легендарниот фудбалер осомничен за сериозни малверзации!

Познато зошто е уапсен Дарио Шимиќ: Легендарниот фудбалер осомничен за сериозни малверзации!

Веста дека легендарниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е уапсен во голема полициска акција го изненади целиот регион.

Освојувачот на бронзен медал на Светското првенство во 1998 година со репрезентацијата на Хрватска, падна заедно со поранешната началничка на Одделението за туризам при Службата за стопанство и имотно-правни работи на Канцеларијата за државна управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ.

Се сомнева дека познатиот фудбалер преку Ливљаниќ незаконски добил потребни дозволи за камп во Тисно. УСКОК и полицијата утрово започнаа нова антикорупциска акција. Се сомнева дека Шимиќ преку Ливљаниќ незаконски добил потребни дозволи за кампот во Тисно. Ливљаниќ веќе беше приведена по слична оптужба – пишува Јутарњи лист кој ги донесе и сознанијата за неговото апсење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пелегрини не премолче, му одговори на Мурињо!

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, даде одговор на коментарите на Жозе Мурињо по триумфо…