Интер ги шокираше своите навивачи на стартот од Лигата на шампионите, но за нивна среќа на крајот извлекоа барем бод (1:1).
Славија е аутсајдерот во групата на Барселона, Борусија и Интер, но чешкиот шампион уште на стартот покажа дека може да им ги расипе сметките на гигантите. Всушност на Интер веќе му направи проблеми.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од самиот почеток се виде дека гостите од Прага немаат страв од Интер и дека се дојдени да се надигруваат.
Интер најдобрата шанса ја имаше преку Лаутаро Мартинез, а во продолжението италијанскиот тим едвај ја поминуваше половината на Славија.
Водечкиот гол на натпреварот го постигна Олајник во 63-тата минута. Одбиената топка ја заби зад грбот на Хандановиќ, а ВАР само го потврди погодокот.
WOW!
— RouteOneFootball (@RouteOneTweets) September 17, 2019
Nicolo Barella scores a stoppage time goal for Inter Milan to equalise against Slavia Praga!#InterSlaviaPraga #UCL
pic.twitter.com/P8txzQ6c84
Интер во последните 20 минути нападна, но не креираше вистински шанси, за во 92-та минута сепак да стигнат до изедначување. Сенси погоди пречка од слободен удар, топката дојде до Барела кој успеа да постигне гол.
Barella goal Inter vs Slavia Praha 1-1 #INTSLP #UefaChampionsLeaguepic.twitter.com/b7esPDswYP
— Zwodde (@ZWODDE_) September 17, 2019
Во вториот натпревар кој се играше во терминот од 18:55 часот Лион и Зенит одиграа 1:1.