Дома Фудбал Голманот на Славија: Играчите на Барселона не сакаа ниту да се поздрават со нас

Голманот на Славија: Играчите на Барселона не сакаа ниту да се поздрават со нас

Славија Прага успеа да освои голем бод против Барселона на „Камп Ноу“.

Гостите од Чешка поголем дел од натпреварот добро се бранеа од нападите на Каталонците, а херој на овој тим беше голманот Ондреј Колар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој посебно во второто полувреме имаше неколку навистина феноменални интервенции со кои успеа да ја сочува својата мрежа, а после средбата најде замерка на играчите на Барселона.

Имено, Колар за чешките медиуми се изјасни дека целиот тим се радувал поради тоа што ќе играат со ѕвездите на Барселона, но однсувањето на Каталонците не било за пофалба.

„Меси и останатите само си заминаа, некои од нив не се ни поздравија со нас. Не постапија добро. Сите се радувавме што ќе се сретнеме со големи играчи, сакавме да ги замениме дресовите, меѓутоа не се однесуваа како што треба“

Голманот на Славија сепак го пофали својот колега Тер Штеген.

„Тој ме чекаше во тунел. Ме запре и ми кажа дека долго време не видел настап на некој голман како што имав јас, како и дека му било мило што бранев добро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…