Челзи вчера со минимални 1:0 го победи Норвич, а победникот го реши детал од судиското продолжение во првото полувреме.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кристијан Пулишиќ уфрли од левата страна и во казнетиот простор најдобро се снајде Оливие Жиру кој погоди со глава.
Во тунелот на „Стенфорд Бриџ“ пред излегувањето на теренот двајцата играчи како да знаеа што ќе следува на теренот.
Жиру објаснуваше на кој начин да му се уфрли топката и Пулишиќ го направи токму тоа, а тој одлично реагираше.
It was all part of the brief! ?#CHENOR pic.twitter.com/PMA1YqyaH7
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 14, 2020