
Според информациите на новинарот Серхио Валентин, Мурињо дал зелено светло за разделба со тројца фудбалери кои во моментот не се во неговите планови. Станува збор за Франко Мастантуоно, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најизвесно заминување моментално е на младиот аргентински талент Мастантуоно, кој минатото лето пристигна од Ривер Плата како еден од најперспективните играчи на Јужна Америка. Многу брзо можеме да го видиме во дресот на Рома.
Во Мадрид немаат намера да го продадат Аргентинецот, туку сакаат да го развијат и да го вратат посготвен за најголемите предизвици.
Од друга страна, Раул Асенсио не успеа да го убеди португалскиот експерт дека заслужува место во екипата. Неговото заминување би отворило простор за доаѓање на нов централен бек, а меѓу желбите на Реал се споменуваат Алесандро Бастони и Емерик Лапорт.
Посебно внимание привлекува ситуацијата со Едуардо Камавинга. Францускиот играч од средниот ред со години важеше за еден од клучните играчи на иднината на кралскиот клуб, но според истите извори тој повеќе не ужива доверба од Мурињо.
Неговата продажба би донела значително олеснување на буџетот за плати, но и дополнителни средства за нови засилувања.
Шпанските медиуми додаваат дека ова лето Сантијаго Бернабеу би можеле да го напуштат и Ендрик и Брахим Дијаз, додека Гонсало Гарсија ќе ја продолжи кариерата во Фулам.