Дома Фудбал Барселона ангажира белгиски талент

Барселона ангажира белгиски талент

Барселона се засили со младиот белгиски напаѓач Џеси Бисиву. Тој пристигна на “Камп Ноу” од Бриж и потпиша договор со каталонскиот гранд, кој ќе го задржи во клубот до летото 2031 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според трансфер експертот Фабрицио Романо, зделката има вредност од 8,5 милиони евра. Покрај тоа, Бриж ќе добие 20% од секој следен трансфер на крилото.

Бисиву игра како крило и се истакнува со својата брзина, физичка сила и одличен дриблинг. Родениот во 2008 година талент е неизоставен дел од младинските репрезентации на Белгија.

Името на Бисиву стана познато за време на Европското првенство до 17 години во 2025 година, кога влезе во идеалниот тим на турнирот. Тој ја започна својата кариера во Левен, а во 2020 година преминува во академијата на Бриж. Во последните две сезони има одиграно 14 натпревари и постигнато 3 голови во Младинската лига на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал постигна договор со Њукасл за Бруно Гимараеш

Арсенал постигна принципиелен договор со Њукасл за доведување на Бруно Гимараеш, објави „Е…