Дома Фудбал Италија Инзаги: Го прашав Гатузо зошто сето ова ни е потребно во животот

Инзаги: Го прашав Гатузо зошто сето ова ни е потребно во животот

Пипо Инзаги се уште не успеал да ја извлече Болоња од опасната зона, но вчеравечер успеа да му да одигра реми 0:0 со фаворизиранот Милан.

Болоња на свој терен одигра без голови на „росонерите“ во последниот натпревар од 16-тото коло и сега има бод помалку од Удинезе на 17-тата позиција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Моравме да испратиме порака, да се бориме за секоја топка и среќен сум поради реакцијата на своите играчи. Моите играчи се информирани и знаат што се пишува за нив. Примивме глупави голови оваа сезона, но вечерва покажавме напредок“, изјави Инзаги после натпреварот.

Поранешниот голгетер може да биде задоволен од исходот со судирот со својот колега Џенаро Гатузо со кој играше заедно во Милан.

„Се поздравив со Рино и повторно стигна да ме удри по грб! Среќен сум поради него, добро работи и заслужува успех“.

„Разговаравме пред почетокот на натпреварот и го запрашав: Кој нас не вовлече во ова? Зошто вакво нешто ни е потребно во животот?!“, откри поранешниот напаѓач на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул за 95 милиони евра доведува стопер од Серија А

За време на летото, Ливерпул направи неколку извонредни трансфери и потроши многу пари. И …