Дома Фудбал Италија Изненадување од Неапол: Спалети по шампионската сезона го напушта Наполи?!

Изненадување од Неапол: Спалети по шампионската сезона го напушта Наполи?!

Италијанските медиуми изненадувачки пренесуваат дека Лучијано Спалети би можел да се раздели и да бара нова средина, иако овој тим стигна до Скудетото по чекање од 33 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно Спалети бил лут на раководството на Наполи бидејќи не бил повикан на продолжување на соработката и најавил заминување.

Овие информации секако се изненадувачки бидејќи Спалети му ја донесе на Наполи титулата на која тимот чекаше повеќе од три децении, а освен тоа играше и ¼ финале во Лигата на шампионите.

Во италијанските медиуми веќе се шпекулира за негов наследник и според последните информации, Де Лаурентис разговарал со поранешниот тренер Рафаел Бенитез, а се споменува и Кристоф Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Атлетико Мадрид конечно попушти. Од екипата се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во …