Фудбалерот на Лече и црногорски репрезентативец, Никола Крстовиќ наводно е желба на Манчестер Јунајтед, пренесува „Калчомеркато“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јунајтед сака да го доведе екс-фудбалерот на Црвена Звезда уште во јануари. Крстовиќ во Лече пристигна ова лето од Дунајска Стреда за четири милиони евра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Во Серија А, Крстовиќ одигра 11 натпревари и постигна четири гола и тоа во екипа која се бори за опстанок во најсилната италијанска конкуренција. Постигна гол на дебито против Фиорентина, а потоа стана првиот играч во историјата на клубот кој постигна гол на првите три натпревари.
За само неколку месеци во Серија А успеа да го сврти вниманието на гигантот од Манчестер, но се споменуваше и милански Интер. „Калчомеркато“ додава дека Јунајтед бара напаѓач кој веќе во јануари би можел да го доведе и тоа треба да биде напаѓач кој не би го платиле премногу.
Крстовиќ има 23 години и во сезоната 2019/2021 играше за Црвена Звезда и постигна три гола на 27 натпревари. По кратката позајмица во Графичар се пресели во Словачка каде што на 66 натпревари постигна 37 голови, 18 претходната сезона.