Германскиот возач Себастијан Фетел порача дека би можел да ја напушти Формула 1 кога ќе му истече договорот со Ферари во 2020 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фетел во текот на кариерата освои четири титули шампион во светот, но порачува дека овој спорт многу се променил во текот на годините и дека полека преминува во шоу.
Токму поради тоа смета дека неговиот труд е залуден.
„Сигурен сум дека сакам да бидам тука оваа и следната година, но не знам после тоа што ќе биде со правилата“, започна Фетел и додаде:
„Не знам што ќе биде со мене…Сигурно нема да седам тука и да размислувам како сигурно ќе возам за само да бидам дел од Формула 1. Многу работи се променија во последно време, Формула 1 сега повеќе е бизнис, повеќе е шоу отколку што е спорт. Тоа важи и за останатите спортови, но треба јасно да се каже – ако е шоу, тогаш нека биде шоу до крај. Имам впечаток дека трошиме премногу време, енергија и пари на скапи правила кои не се од корист на никого“, изјави Фетел.
Инаку Фетел во текот на кариерата освои 52 победи и дури 111 пати се искачи на победничкиот подиум.
Во првите две трки во новата сезона Фетел не успеа да оствари резултати какви што се очекуваа и во овој момент се наоѓа на петата позиција со 22 освоени бодови.