Сведоци сме како фудбалери од европските првенства на големо се селат во Саудиска Арабија, а сигурно до крајот на летото ќе видиме и нови трансфери, но уште сега тимот составен од најдобрите играчи во првенството на Саудиоска Арабија изгледа одлично.
Во идеалниот тим има двајца „староседелци“, Ахмед Хегази (32) од Ал Хилал и Гиасин Конан (27) од Ал Наср. Египќанецот Хегази пристигна во 2020 година од ВБА, додека репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска минатата година од Ремс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како трет стопер е Калид Кулибали кои се пресели во Ал Хилал од Челзи, а на голот е Едуард Менди. Канте исто така од Челзи дојде во ова првенство во Ал Итихад. Брозовиќ по долги преговори му се придружи на Роналдо во Ал Наср, потоа од Вулвс во Саудиска Арабија дојде Рубен Невеш.
Во нападот се Жота, Фирмино, Роналдо и Бензема, па така се формира тим кој дефинитивно изгледа одлично.