Српскиот фудбалер Бранислав Ивановиќ би можел да направи изненадувачки трансфер во Премиер лигата.
Ивановиќ играше во Зенит, а искусниот дефанзивец сега би можел да потпише договор со Вест Брмович Албион кој го води Славен Билиќ и кој се врати во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информаците Ивановиќ се наоѓа во завршни преговори со екипата која минатата сезона се избори за промоција во најелитниот ранг во англискиот фудбал.
Како што е познато Ивановиќ претходно долго време го носеше дресот на Челзи и тоа со многу успех, а со своето искуство би можел да придонесе за добра сезона на ВБА.
Освен ВБА Ивановиќ беше во преговори и со Фулам и Евертон, но на крајот изгледа ВБА била најконкретна со понудата.