Дома Фудбал Италија Ибра во свој стил: Ако нема 70.000 на Сан Сиро, нема да играм

Ибра во свој стил: Ако нема 70.000 на Сан Сиро, нема да играм

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан и веројатно ќе дебитира уште утре на мечот против Сампдорија на „Сан Сиро“.

Иако има 38 години Ибра во Милан беше пречекан како спасител и „росонерите“ очекуваат многу од него.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Нема дилема дека голем број навивачи на италијанскиот гигант ќе дојдат на „Сан Сиро“, а Ибра јасно порача дека нема да излезе на терен ако нема барем 70.000 луѓе на трибините.

„Колку луѓе се очекуваат на стадионот? 60.000? Сакам да дојдат најмалку 70.000 или нема да излезам на теренот“, се пошегува Ибрахимовиќ.

Шведскиот напаѓач со „росонерите“ потпиша договор до крајот на сезоната со можност соработката да ја продолжи на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …