
Пеп Гвардиола, прочуениот шпански стручњак, ја искористи својата лична животна приказна за да изврши дополнителна мотивација врз фудбалерите на Манчестер Сити.
Минатите месеци, Гвардиола ја напушти позицијата во Манчестер Сити по девет успешни години, а за време на оваа фаза го заврши и неговиот брак со Кристина Сера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во новиот документарец на Prime Video, “Прекрасна опсесија”, кој ја опфаќа последната сезона на Гвардиола со тимот, се појавуваат снимки од разговорот со неговите играчи, каде што искрено ја споделува веста за разводот пред тоа да стане јавна информација.
“Пријатели, сакам да ви признаам нешто. Се разведувам од најубавата жена на планетата. Моја сопруга. Поранешна сопруга. Неизмерно ја сакам! Но, изгубивме страст. Од многу причини, изгубивме страст. Ја сакам ли? Да, апсолутно. Таа мене ме сака? Да. Но, страста ја изгубивме”, им кажа Гвардиола на играчите на Сити во соблекувалната на Алијанц стадионот за време на натпреварот со Јувентус во Лигата на шампионите.
‘I’m divorced from the most beautiful woman in our planet’: Heartbreaking moment Pep Guardiola reveals marriage breakdown to Man City stars in fly-on-the-wall Amazon Prime series https://t.co/o9X5HDjJIe
— Daily Mail Sport (@MailSport) August 18, 2026
Тој успеа со оваа исповед да направи паралела со ситуацијата на теренот и да ја промени енергијата на играчите што ги следеше негативен низ на неуспеси. Ова се случи во 2014 година.
“Како играте фудбал? Дали само играте или имате нешто повеќе во себе? Каде е страста? Во животот, што и да правите, правете го со страст. Не ми се потребни само добри играчи. Сакам играчи со страст”, нагласил шпанскиот стратег.
Асистентот на Гвардиола, Мануел Есиарте, изјави дека играчите биле искрено загрижени поради психичката состојба на Пеп по разводот.
“Никогаш претходно не мораше да влегувам во соблекувалната за да разговарам со играчите, освен тогаш. Затоа што беа загрижени, бидејќи Пеп беше вознемирен. Тој беше тажен. Сосема различен. И само јас го знаев причината”, објасни Есиарте за разводот на неговиот пријател Пеп Гвардиола.
“Прекрасна опсесија” започнува ексклузивно на Prime Video во Обединетото Кралство и Ирска на 19 август, а подоцна ќе биде достапен и во останатите делови на Европа, каде ќе може да се забележи овој момент.