Дома Фудбал „Бомба“ на повидок: Манчестер сити тргна по ѕвезда на Ливерпул

„Бомба“ на повидок: Манчестер сити тргна по ѕвезда на Ливерпул

Манчестер Сити разгледува голем напад врз играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мак Алистер. Гардијан пишува дека Сити во наредните денови би можел да испрати понуда за аргентинскиот репрезентативец, кого го смета за едно од можните решенија по заминувањето на Родри во Барселона.

Тоа би било особено спектакуларен потег, бидејќи Сити би се обидел да одземе еден од клучните играчи на директниот ривал од Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Мак Алистер пристигна во Ливерпул од Брајтон во 2023 година, а последните сезони се етаблираше како еден од носителите на средниот ред. Се очекува Ливерпул за својот играч од средниот ред да побара околу 85 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна …