Дома Фудбал „Земјотрес“ на Островот: Гигант тргна по Бруно Фернандеш, понудени 50 милиони евра на Јунајтед, а на Португалецот дури 105!

„Земјотрес“ на Островот: Гигант тргна по Бруно Фернандеш, понудени 50 милиони евра на Јунајтед, а на Португалецот дури 105!

Манчестер Јунајтед може да се соочи со една од најголемите трансфер приказни ова лето, откако се појавија информации за интересот на Галатасарај за Бруно Фернандеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот гигант наводно е подготвен да направи сериозен финансиски потег за да се обиде да го донесе португалскиот репрезентативец на Босфор.

Според информациите кои ги носи „Телеграф“, Галатасарај е подготвен да понуди на Манчестер Јунајтед пакет вреден 50 милиони евра во бонуси за трансферот на Фернандеш.

Таквата понуда би претставувала големо изненадување, особено со оглед на значајот кој го има португалскиот играч во екипата на Олд Трафорд.

Фернандес веќе со години е еден од клучните играчи на Јунајтед и еден од фудбалерите околу кои се гради играта на англискиот великан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaмал со малку проблеми, но го исполнува ветувањето: Пушта бркови и брада

Пред почетокот на Светското првенство за репрезентацијата на Шпанија, Ламин Јамал се прикл…